Пекинг ги обвини САД дека преземаат „типична практика на трговски протекционизам“ во ограничувањето на извозот на производи од чипови во Кина врз база на „безбедносни грижи“.
Кина започна правна битка со САД во војната за чипови откако поднесе тужба за попречување на меѓународната трговија пред Светската трговска организација (СТО).
Главните причини за тужбата според подносителот се рестрикциите за извоз на полуспроводници или популарно наречени чипови кои се неизбежна модерна технологија за економски развој и функционирање на индустријата.
„Во последните години САД ја растегна претставата за националната безбедност ги злоупотреби мерките за контрола на извозот и го попречи нормалното меѓународно тргување со чипови и други производи“, се наведува во соопштението на Министерството за трговија на Кина.
Тужбата е поднесено пред телото за решавање спорови на СТО.
Пекинг ги обвини САД дека преземаат „типична практика на трговски протекционизам“ во ограничувањето на извозот на производи од чипови во Кина врз база на „безбедносни грижи“.
Според министерството „загрозена е стабилноста на глобалните синџири на снабдување и синџирите во индустријата, поткопувајќи ги меѓународните економски и трговски поредоци, нарушувајќи ги меѓународните економски и трговски правила, пркосувајќи на основните закони на економијата и наштетувајќи на интересите за глобален мир и развој“.
Потегот на Пекинг доаѓа откако САД ги зголемија рестрикциите против кинеските компании кои не може да се стекнат со високоразвиена американска технологија за чипови, опрема и стручен кадар.
Обновената листа на рестрикции против Кина беше објавена во октомври од страна на Бирото за индустрија и безбедност на Министерството за трговија на САД.
Според кинескиот амбасадор во Вашингтон Чин Ганг, САД додале повеќе од 1.000 кинески компании на различни списоци за американски извозни контроли и санкции.
AA
Следете не, не има насекаде