април 23, 2026

Раде Шербеџија го доби петтото внуче. Како што пишува српски Курир, неговата ќерка Нина, сопругата на српскиот актер Филип Ѓуриќ, во саботата родила син, а таа и бебето се одлично.

Нина и Филип се запознаа во 2014 година, а почнаа да се забавуваат во 2018 година. Во јули 2023 година, тие се венчаа во Нови Сад, каде што живеат и работат. Нина носеше долга, луксузна венчаница, а Раде ја донесе до олтарот.

Една од фотографиите од венчавката, на која актерот ја држи за рака својата ќерка Нина, стана вирална на социјалните мрежи.

Раде покрај Нина ги има и ќерките Милица и Вања од бракот со Ленка, а синот Данило и ќерката Луција од првиот брак со Иванка Церовац.

Share

The post Раде Шербеџија доби петто внуче, неговата ќерка Нина роди син appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK