На 22.04.2026 околу 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Г.(35) и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка.
Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената на подрачјето на Ѓорче Петров, претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство и со измама и одзел 300 евра и златен накит, во вредност од околу 300.000 денари.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Следете не, не има насекаде
