април 23, 2026

Се повеќе се зборува дека Евролигата би можела да брои 20 екипи од следната сезона. Како што пренесува порталот Јурихупс, ваквиот развој на настаните може да доведе до промена на форматот на натпреварувањето.

Новинарот Арис Баркас наведува дека раководството на Евролигата, предводено од Дејан Бодирога и Паулиус Мотејунас, на тимовите со лиценца „А“ им претставило план за проширување на натпреварувањето на 20 екипи. Предлогот е тимовите да бидат поделени во две конференции (се уште не се знае дали според географски критериуми), а во регуларната сезона секој клуб би одиграл по 28 натпревари.

Се претпоставува дека системот на натпреварување би бил следниов: секој тим ќе одигра 18 натпревари од регуларната сезона против тимови од својата конференција (дома-гости). Дополнително, секој тим би одиграл по еден натпревар против ривали од друга конференција, пет дома и пет на гости.

Ваквата промена би била значително полесна за организаторите и учесниците отколку да го остави стариот систем. Доколку форматот на лигата остане ист, тоа би значело дека тимовите од Евролигата ќе одиграат 38 натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната, а бројот на таканаречените „двојни недели“ да се зголемат од седум на девет.

Засега не се знае кој систем ќе биде усвоен, но се поизвесно е дека ќе дојде до проширување на 20 клубови.

Share

The post Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK