април 23, 2026

Дел од пратениците кои земаа вртоглави суми на пари за патни трошоци, ќе можат да продолжат да го прават тоа. Пропадна обидот за намалување на сумите за патарини, гориво, амортизација на возилата. Левица не доби поддршка од владејачкото мнозинство. Левица поднесе предлог – законот за ограничување на патните трошоци, со цел трошокот да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 километри (околу 500 денари).

Тоа би значело ако некој пратеник патува дневно 200 километри во два правци ќе земе околу 1.040 денари, наместо 3.200 кои ги зема сега за 200 километри.
Честито нови милиони евра, колеги патриоти. Со здравје да си ги трошите“, напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев, откако предлог-законот за ограничување на патните трошоци за пратениците не беше усвоен и не беше ставен на дневен ред на денешната седница.

Иако во собраниската сала имаше 100 присутни пратеници, „за“ гласаа 23 пратеници, еден беше „против“, а немаше „воздржани“. Со тоа предлогот на Левица не беше усвоен.
Скопје1

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK