април 23, 2026

Во куќа на улицата „Мирче Ацев“ во централното градско подрачје на Штип претпладнево избувна пожар. Нема повредени во пожарот.

Десет пожарникари со три возила го гаснеа пожарот, кој ја зафати кровната конструкција на куќата. Според информациите од командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов пожарот е ставен под контрола.

Дополнително ќе се утврдува за причините на пожарот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK