април 24, 2026

Општина Карпош преку социјалните мрежи информираше дека синоќа околу 20 часот избувна пожар во стан од зграда на улица Бриселска, позната меѓу карпошани како „7-та руска зграда“, во населбата Тафталиџе 2.

„Од огнот целосно се опожарени станот и покуќнината, но за среќа нема жртви и повредени. Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски заедно со членови од одделението за Заштита и спасување на општината, беше присутен на лице место и веднаш по гасењето на пожарот, ги задолжи службите на Општина Карпош да дојдат во текот на денешниот ден, за да го расчистат станот од изгорената покуќнина“, се вели во соопштението на општината.

Јакимовски исто така кажа дека тој и Општина Карпош ќе помогнат на трочленото семејство како со човечки капацитети, така и финансиски, бидејќи станува збор за самохран родител, татко со двајца синови тинејџери.

„Градоначалникот Стевчо Јакимовски упатува апел и до сите други граѓани, институции и добри луѓе, да му помогнат на ова семејство, за да им се врати достоинството во нивните животи“, додаваат од општина Карпош.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK