Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ донесе експресна одлука за инцидентот што се случи во недела на мечот помеѓу Чаир 2030 и Работнички, кој беше прекинат по физички напад врз гостински кошаркар, а која предвидува сериозно празнење на казната на чаирчани како и играње пред празни трибини речиси до крајот на сезоната.
Чаирчани се казнети со дури десет меча играње пред празни трибини и тоа три се според Пропозициите за натпреварување, а дополнителните седум според Дисциплинскиот правилник. Со оглед што до крајот на регуларниот дел има уште 13 кола, во кои Чаир 2030 шест пати ќе биде домаќин, па заедно со трите средби на домашен терен во Плејаут лигата значи дека овој тим сезонава воопшто нема да игра пред своите навивачи.