декември 24, 2024

Под влијание на влажен и студен бран кон крајот на денов и во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладувањето се очекува врнежите од дожд да преминат во снег и во некои од пониските места, соопшти УХМР.

Утре во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни.

ВЕЧЕРВА СНЕГ – особено на овие места ќе трупа без престан, УХМР со најновите детали 

Во Скопската котлина во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во слаб снег. Нови врнежи од дожд ќе има утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK