април 24, 2026

Некои од најголемите холивудски ѕвезди се собраа синоќа на доделувањето на филмските награди БАФТА во Лондон. Церемонијата се одржа во Royal Festival Hall, каде актерите прошетаа на црвениот тепих во гламурозни комбинации создадени од познати дизајнери.

Најголемо внимание привлече 62-годишната Деми Мур, која овојпат остана без награда, што за многумина беше голем шок. Таа се појави во светкав долг фустан на Александар Меквин. Аријана Гранде и Синтија Ериво, колешки од филмот Wicked, воодушевија со контрастните фустани, создадени за нив од Луј Витон.

Памела Андерсон која се појави без шминка ги воодушеви сите присутни во долг бел фустан. Зои Салдана, Селена Гомез, Ана Кендрик, Мајки Медисон, Камила Кабело и многу други познати жени исто така не останаа незабележани.

Share

The post (Фото) Која позната дама доминираше во модните избори на БАФТА наградите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK