април 24, 2026

Инфлуенсерката Ешли Клер на социјалните мрежи го повика Илон Маск да признае дека е татко на нејзиното дете. Сепак, тој сè уште ја игнорира.

Најпрвин, еден корисник на „Икс“ ја сподели нејзината стара објава во која изјави дека сака да го привлече вниманието на Маск за да ја запроси.

„Ешли Сент Клер планира да го зароби Маск повеќе од пет години“, напиша тој. Маск одговори со кратко: „Уф“. Потоа се огласи Клер:

„Илон, веќе неколку дена се обидувам да комуницирам со тебе, а ти не ми одговараш. Кога ќе одговориш наместо јавно да се одѕиваш на навредите на личноста која штотуку објави фотографии на кои позирам во долна облека кога имав 15 години?“.

Клер неодамна објави дека се породила пред пет месеци и дека планирала сè да биде јавно, но поради таблоидите била принудена да ја објави оваа вест.

Таа тврди дека се запознале на „Икс“ и дека тој барал да не открива дека е бремена.

Текстот Инфлуенсерката која тврди дека има дете со Маск: „Се обидувам да комуницирам со тебе, но ти не одговараш“ е превземен од МАКФАКС.

Share

The post Инфлуенсерката која тврди дека има дете со Маск: „Се обидувам да комуницирам со тебе, но ти не одговараш“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK