април 24, 2026

Арсенал последната титула во Премиер лигата ја прослави во сезоната 2003/04. кога тимот го предводеше Французинот Арсен Венгер.

75-годишникот веќе неколку години не е тренер, туку шеф на глобалниот фудбалски развој на ФИФА. Тој сè уште го следи Арсенал каде што беше тренер од 1996 до 2018 година.

Запрашан што треба да се случи за Арсенал да ја прослави титулата на крајот од оваа сезона, Венгер одговори:

„Едноставно е, Ливерпул треба да губи натпревари. Но, тие одиграа 25 натпревари до сега и загубија само еден. Во следните 13 треба да загубат најмалку три. Во овој момент мали се шансите Арсенал да дојде до титулата, Ливерпул е супер фаворит“, рече Венгер и додаде.

„Покрај тоа, Арсенал треба да ја заврши својата серија совршено. Се молам за титулата, но очигледно треба да го подобрам квалитетот на моите молитви“.

Share

The post Венгер: Се молам Арсенал да ја освои титулата, но треба да го подобрам квалитетот на мојата молитва appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK