април 24, 2026

Предраг Мијатовиќ, поранешен напаѓач на Реал Мадрид (1996 – 1999) и негов спортски директор (2006 – 2009), е сигурен дека Ерлинг Халанд (24) еден ден ќе заигра за „кралскиот клуб“. За потсетување, Халанд пред еден месец го продолжи договорот со Манчестер сити до летото 2034 година.

Мијатовиќ при гостувањето на телевизијата „Ел Чирингито“ ја коментираше ситуацијата на пазарот на играчи и истакна дека Норвежанецот би можел да дојде на „Бернабеу“ и покрај договорот што го потпиша со Сити.

„Мислам дека тоа ќе се случи. Тој не го кала тоа јавно, но од сигурен извор знам дека би сакал да биде играч на Реал Мадрид. Го знам тоа. Не ме прашувајте како знам, но знам“.

Халанд, на „Етихад“ дојде во 2022 година од Борусија Дортмунд, откако англискиот клуб му ја активираше клаузулата во договорот и го доведе за 60 милиони евра. Претходно за Дортмунд одигра 89 натпревари, постигнува 86 гола и забележа 23 асистенции.

Share

The post Мијатовиќ: Халанд ќе игра за Реал Мадрид, не ме прашувајте од каде ми е информацијава appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK