април 24, 2026

Ливерпул ќе биде без својот дефанзивец Џо Гомез неколку недели, кој ја обнови повредата на тетивата, изјави менаџерот на тимот Арне Слот за време на прес-конференцијата пред утрешното гостување кај Астон Вила.

27-годишниот англиски репрезентативец, кој во Ливерпул е од 2015 година, поради истата повреда не настапи на стартот на оваа календарска година.

Тој се врати на теренот пред девет дена, но ги одигра само воведните 11 минути во шокантниот пораз од второлигашот Плимут Аргајл во ФА Купот, пред повторно да почувствува болка и да го напушти теренот.

„На Џо ќе му треба многу време. Тој ќе биде надвор од терените со недели поради повреда на тетивата. Очекуваме дека би можел да се врати во последниот дел од сезоната”, изјави Слот.

Share

The post На Ливерпул им се повреди важен играч, со недели ќе биде надвор од терените appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK