април 24, 2026

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е елиминиран на стартот од турнирот во Доха.

Ѓоковиќ успеа да се опорави од повредата на бутниот мускул поради која се предаде на полуфиналниот меч на Австралија опен, но во Катар беше далеку под вообичаеното ниво.

Тоа го искористи Италијанецот Матео Беретини кој победи со 2:0, во сетови 7:6 (4), 6:2.

Натпреварот траеше час и 35 минути игра.

Противник на поранешниот финалист на Вимблдон во следната рунда ќе биде Холанѓанецот Талон Грикспор.

Share

The post Ѓоковиќ надвор од ритам во Доха, Беретини веднаш го елиминира appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK