април 24, 2026

Почитувани пријатели,
со длабока тага ја примивме веста за смртта на госпоѓа Дафина Трајковска, носител на признание на МК – МАЈКА НА НАЦИЈАТА, како мајка на загинатиот Бранител и Маченик на нацијата – Бобан Трајковски, кој својот живот го даде за Македонија во масакрот во Вејце во 2001 година.

Дафина беше симбол на мајчинската сила, достоинство и неуморна борба за вистината и правдата. Нејзината болка стана болка на целата нација, а нејзината пожртвуваност – инспирација за сите нас.

Вечен спомен за една мајка-јунак и нејзиниот син, кои остануваат запишани со златни букви во историјата на Македонија.

Нека почива во мир.
Боже, просиме рајски порти за Дафина.
Фб статус Петар Богојески

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK