април 24, 2026

Клуб Бриж, Баерн Минхен и Бенфика се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите.

По Милан, италијанскиот фудбал остана без уште еден тим во елитното натпреварување. Актуелниот освојувач на Лига Европа, Аталанта, не успеа да ја оправда фаворитдката улога против Бриж.

Шампионите на Белгија, вечерва во Бергамо победија со 3:1.

Аталанта промаши буквално се на овој натпревар, а Бриж максимално ги користиеше своите шанси. Тинејџерот Талби постигна два гола во третата и 27.минута, а Џутла зголеми на 0:3 во финишот на првиот дел . Лукнан погоди веднаш на стартото на второто полувреме, а сите надежи на Аталната дека може да се врати во натпреварот пропаднаа во 38.минута кога Мињоле му одбрани пенал на Лукман.

Баерн, во Минхен се мачеше против Слетик. Гостите од Глазгов имаа две добри шанси во првиот дел, но резултатот на семафорот не се смени се до 63.минута, кога Кун ја искористи грешката на Кин.

Баварците избегнаа продолженија, буквално во последните секунди, со среќниот гол на Дејвис.

Во Лисабон, Бенфика водеше, па два пати губеше од Монако, а во 81.минута Кокчу ги постави конечните 3:3.

Share

The post (Видео) Баерн во 94.минута се спаси против Слетик, Бриж ја изненади Аталанта, Бенфика го преживеа Монако appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK