април 24, 2026

Пејачката Шакира викендов заврши во болница поради силни болки во стомакот. Откако ја напуштила болницата, таа била фотографирана во јавност. Таа ги поздрави насобраните папараци пред хотелот Белмонд во Лима, главниот град на Перу.

Шакира се врати на настапите откако беше хоспитализирана. Во понеделникот вечерта таа одржа концерт во Лима, по што се огласи на социјалните мрежи за да им се заблагодари на своите фанови.

„Каква публика во Перу. Ми подаривте толку многу љубов. Неверојатни сте. Ви благодарам, ве сакам“, напиша таа.

Да потсетиме, откако заврши во болница, мораше да го откаже концертот што требаше да го одржи во неделата.

Share

The post Шакира фотографирана во јавност по излегувањето од болница, се враќа на настапите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK