март 17, 2025 10:27:31 PM

Барселона има одлична сезона и е меѓу фаворитите за освојување на сите три трофеи. Движечка сила зад овој тим е Ламин Јамал, кој истакна дека неговиот тим има квалитет да оди до крај во сите натпреварувања.

Најдобриот млад фудбалер во Европа, на почетокот на интервјуто за „Ел Мундо Депортиво“, истакна дека само Ливерпул е поголем фаворит за освојување на Лигата на шампионите.

„Мислам дека Ливерпул е единствениот поголем фаворит од нас во Лигата на шампионите. Едноставно затоа што првиот обезбеди пласман понатаму. Мислам дека можеме да се натпреваруваме за трофејот, дека можеме да одиме до крај. Мора да мислиме дека ние сме тимот кој игра најдобар фудбал и во Шпанија и во Европа. Не сакам да бирам помеѓу Ла Лига и Лигата на шампионите, ајде да одиме по двата трофеи“, изјави Јамал.

Share

The post Јамал: Само Ливерпул е поголем фаворит од нас за трофејот во Лигата на шампионите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK