април 24, 2026

Во петок, во 12 часот во седишетот на УЕФА ќе бидат извлечени двојките за осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите.

За потсетување, првите осум екипи во регуларниот дел од сезоната обезбедија директен пласман во осминафиналето: Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.

Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд, ПСВ, Феенорд, Баерн, Бенфика и Клуб Бриж се пласираа во најдобрите 16 екипи во Европа преку плеј-офот.

Можни парови за осминафиналето:

ПСЖ – Ливерпул или Барселона
Клуб Бриж – Лил или Астон Вила
Реал – Атлетико или Баер Леверкузен
ПСВ – Арсенал или Интер
Феенорд – Интер или Арсенал
Баерн – Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен
Дортмунд – Астон Вила или Лил
Бенфика – Ливерпул или Барселона

Натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одиграат на 4/5. и 11/12. март, четвртфиналето е закажано за 8/9. и 15/16. април, полуфинале 29/30. април и 6/7. мај, и големото финале на Алијанц Арената во Минхен на 31 мај.

Share

The post Кој против кого во осминафиналето? Во најава четири спектакли appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK