март 15, 2025

Иако пред неколку дена беа отфрлени обвиненијата против Џеј Зи дека силувал 13-годишно девојче во 2000 година со уапсениот рапер Шон Диди Комбс, раперот тврди дека тој и неговото семејство продолжуваат да добиваат смртни закани, сето тоа поради, како што вели, „измислените и злонамерни“ обвинувања.

Во правната изјава тој рече дека луѓето го вознемируваат преку интернет и му се закануваат дека ќе го „убијат“ и „погубат“ него, Бијонсе и нивните деца.

Според него, многумина пишувале дека „заслужува да биде во затвор“ како Диди, а подоцна и „во пеколот со него“. Други го нарекоа „сатанист“, „шверцер со луѓе“, „терорист“ и „чудовиште“, а добиваше и расистички навреди, пишува Дејли мејл.

Тужбата против него неодамна беше повлечена од адвокат и жената која тврдеше дека ја силувал. Џеј Зи претходно го тужеше адвокатот Тони Базби за изнуда, клевета и намерно нанесување емоционална штета.

Раперот тврди дека Базби стратешки ја поднел тужбата ден пред премиерата на филмот Mufasa: The Lion King, во кој глумат неговата ќерка Блу Ајви (13) и сопругата Бијонсе. На овој начин го принудил да избере дали ќе присуствува на премиерата со нив, што на крајот и го направил или ќе се повлече поради обвинувањата.

Share

The post Џеј Зи: Јас и моето семејство добиваме смртни закани поради лажните наводи за силување appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK