март 15, 2025 1:07:59 PM

Американската модна дизајнерка Вера Ванг, која минатата година наполни 75 години, не престанува да ги воодушевува обожавателите со својот изглед.

Неодамна, на доделувањето на наградите БАФТА во Лондон, таа се прошета на црвениот тепих во дводелен фустан и покажа нова, кратка фризура.

Нејзиниот изглед ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. „Жената има 75 години. Немам зборови“, „Секогаш кога ќе се уплашам од староста, помислувам на Вера Ванг. Таа е неверојатна“, „Изгледа подобро од некои помлади жени“, беа коментарите на Икс.

Нејзиниот младешки изглед често го фалат и нејзините следбеници на Инстаграм, кои се повеќе од 3 милиони. „Воопшто не старееш. Се молам, во следниот живот да се родам како Вера Ванг“, пишуваат во коментарите под објавите на Вера.

Share

The post Модната дизајнерка се прошета на црвениот тепих, никој не може да поверува дека има 75 години appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK