март 14, 2025

Денеска во 10:45 часот во близина на село Банско, Струмичко, изгоре автомобил, информираа од ТППЕ Струмица.

Во гаснење на запалениот автомобил учествувале тројца пожарникари и едно противпожарно возило. Пожарот во моментот на пристигнувањето на пожарникарите бил во разгорена фаза и за кратко време бил локализиран и изгаснат.

Во информацијата од струмичките пожарникари се наведува дека е причинета значителна материјална штета.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK