март 14, 2025 2:11:21 PM

Пет лица, меѓу кои и двајца пожарникари се повредени во пожар кој ноќеска избувнал во стан во скопската општина Кисела Вода. Според последните информации, еден стан е целосно изгорен, а штета има и на соседниот.

Противпожарната служба брзо пристигнала на местото на настанот и заедно со полицијата ги евакуирале станарите.

При увидот била пронајдена стопена пластична маса до боца, која најверојатно служела за кислородна поддршка на еден од жителите во погодениот стан.

Денеска полицијата вршеше увид, а причините за пожарот сè уште не се познати. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, понуди помош за оштетените семејства.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK