Белите, блескави заби прават да изгледате поубаво, поздраво и помладо. Тие можат да пожолтат поради возраста, консумирањето цигари, кафе и чај и лекови. Но, не треба да трошите пари на скапи третмани. Можете да ги избелите дома, природно.
Сода бикарбона
Една од најдобрите кујнски состојки за избелување на забите е сода бикарбона. Ќе ја отстрани плаката од вашите заби и ќе ги направи повторно да блеснат. Измешајте четвртина лажичка сода бикарбона со малку паста за заби и измијте ги забите. Исплакнете со млака вода. Правете го ова еднаш неделно.
Кокосово масло
Практикувајте ја древната ајурведска техника на влечење масло, која помага да се отстранат бактериите и да се избелат забите. Едноставно земете една лажица кокосово масло и изматете ја во устата околу 15 минути, а потоа исплукајте ја и измијте ги забите. Редовната употреба ќе доведе до посветли заби.
Активен јаглен
Има црна боја, но ќе ви ги побели забите! Освен тоа, активниот јаглен ја менува pH рамнотежата во устата, што го спречува создавањето на кариес, лош здив и болести на непцата. Натопете ја влажната четка за заби во прав активен јаглен и исчистете ги забите, а потоа исплакнете со млака вода. Правете го ова два или три пати неделно.
Кора од портокал
Редовното миење на забите со свежа кора може да помогне да се намалат жолтите дамки. Ова треба да се прави секоја вечер пред спиење, бидејќи витаминот Ц и калциумот од лушпата ќе ги уништат микроорганизмите во текот на ноќта. Направете го ова неколку недели и вашите заби ќе станат бели. Забите треба да се тријат со внатрешната страна на кората (белиот дел), која претходно треба добро да се измие.
Етерично масло од рузмарин
Есенцијалното масло од рузмарин помага да се избелат забите додека се одржуваат здрави заби и непца. Ги уништува бактериите во устата и на тој начин го спречува создавањето на наслаги и шуплини. Измешајте 2-3 капки од ова масло и една лажица вода, изматете го во устата околу десет минути, исплукајте го и измијте ги забите со паста за заби.
Следете не, не има насекаде