март 15, 2025 9:55:23 PM

Фудбалерите на Фенербахче се пласираа во осминафиналето во Лига Европа.

По убедливата победа во Истанбул (3:0), јасно беше дека избраниците на Жозе Мурињо ќе го минат Андерлехт. Во Брисел ремизираа (2:2), но дуелот во престолнината на Белгија го обележаа инцидентите на трибините.

Во четвртата минута Јусеф Ен Несири постигна гол за Фенербахче, а набргу потоа натпреварот беше прекинат. Швајцарскиот судија Сандро Шерер беше принуден да ги врати играчите во соблекувалната поради случувањата на трибините.

Дел од навивачите се тепаа на трибините на „Лото Парк“, а причината била расистичките навреди и нацистички поздрави од хулиганите на домашната екипа.

Share

The post (Видео) Нацистички поздрави и тепачка на трибините во Брисел appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK