март 17, 2025

При претрес кај четворица осуденици синоќа во 20 часот на влезот на казнето-поправната установа „Затвор Идризово“ биле пронајдени пари и мобилни телефони, велат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму информираат дека телефоните и парите се пронајдени кај осудениците Н.А., Х.A., Л.И. и Ј.П. при преглед на возило со кое овие осуденици пристигнале во затворот и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почетокот на месецов, при претрес на келиите во притворскиот дел во затворот „Скопје“, беа пронајдени седумдесет телефони, додека пак во претрес во струмичкиот затвор беа пронајдени три мобилни телефони.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK