април 25, 2026

Блејк Лајвли, кој е во правен спор со Џастин Балдони поради наводите за сексуално вознемирување на снимањето на филмот It Ends With Us, остро го критикуваше таблоидот „Холивуд Репортер“ за начинот на кој го објави случајот.

На актерката не и се допадна како „Холивуд Репортер“ го покрива правниот процес меѓу неа и Балдони. Овој таблоид објави фотографија од Лајвли на насловната страница на која се гледа како таа го фрла мобилниот телефон додека околу неа се прикажуваат пеперутки.

„Холивуд репортер треба да се срами. Оваа фотографија е крајно навредлива затоа што се потпира на сексистички стереотипи за жените кои се осмелуваат да пријават недолично однесување на работното место, прикажувајќи ги како агресори и сугерирајќи дека заслужуваат одмазда. Понатаму, написот е крајно проблематичен затоа што се обидува да ги оправда документираните случаи на сексуално вознемирување и одмазди нарекувајќи ги културни недоразбирања“, напиша актерката.

Блејк првично го обвини Балдони за сексуално вознемирување и обид да ја „уништи“ нејзината репутација во жалбата до Одделот за граѓански права во Калифорнија. Во изменетата тужба сега стои дека однесувањето на актерот предизвикало непријатност кај другите жени на филмскиот сет.

Балдони потоа поднесе противтужба против Блејк и Рајан Рејнолдс, барајќи отштета од 400 милиони долари. Адвокатите на Блејк ова го нарекоа „уште едно поглавје во книгата на насилникот“, што адвокатот на Балдони го смета за „глупост“.

Share

The post Блејк Лајвли за насловната страница на „Холивуд Репортер“: Срамна и сексистичка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK