Од тага по кучето, жена од Скопје заврши во болница.
Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од лица кои и барале пари заканувајќи се дека ќе го фрлат кучето во Вардар.