април 25, 2026

Во дербито на 23. коло на хрватскиот фудбалски шампионат, Риека го декласира Динамо Загреб со 4:0.

Шампионската трка во Хрватска е многу возбудлива и се води меѓу три клуба. Или барем се водеше до ова коло.

Риека го задржа првото место во поредокот со убедливиот настап против „модрите“, кои сега заостануваат седум бода зад вечерашниот ривал.

Помеѓу е Хајдук, кој заостанува само еден бод зад Риека.

Водството на Риека го донесе Џуара во 27. минута, а во следните 10 минути напаѓачот на Динамо Вилфрид Канга доби два жолти картони и ги остави соиграчите на цедило.

Тоа го искористија домашните до крајот на полувремето и преку Јанковиќ и Петровиќ стигнаа до големи 3:0.

Инфериорниот Динамо не можеше многу да направи во преостанатиот дел од натпреварот, а Риека во 51. минута го потврди убедливиот триумф со голот на Дујо Чоп за конечни 4:0.

Аријан Адеми за Динамо играше до 73.минута, додека Стефан Ристовски не доби шанса, мечот го гледаше од клупата за резерви.

Share

The post Дебакл на Динамо Загреб во Риека appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK