април 25, 2026

Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Џирона (2:0) на „Сантијаго Бернабеу“ во натпревар од 25.коло на Ла Лига. На овој начин Реал одговори на вчерашните победи на Барселона и Атлетико. По 25 рунди Барселона и Реал имаат по 54, а Атлетико 53 бодови. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски за Џирна настапи од 75.минута.

Лајт мотив на овој натпревар, во кој Реал ја оправда улогата на фаворит, е голот на 39-годишниот Лука Модриќ. Во 41. минута Модриќ ја прими топката на гради, фати волеј и од 25 метри го совлада Газанига.

Играчот од средниот ред, кој во септември ќе наполни 40 години, досега има постигнато 130 гола во сениорскиот фудбал, 103 за Динамо, Тотенхем и Реал Мадрид и уште 27 за националниот тим.

Во вториот дел одлична шанса имаше Винисиус во 58. минута, топката заврши во гредата. Бразилецот малку подоцна повторно се закани, но неговиот удар заврши преку голот.

Винисиус успеа да постигне гол во 83. минута, по асистенција на Килијан Мбапе.

Џирона е во криза, ова им е седми пораз во последните осум натпревари во сите натпреварувања, тимот на Мичел го зазема само 12. место со 31 бод.

Share

The post (Видео) Голчиште на Модриќ, Реал лесно ја реши Џирона appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK