март 18, 2025 10:21:44 PM

Дестани Ајава, австралиска тенисерка, на 24-годишна возраст реши да стави крај на кариерата.

Поради огромната количина на омраза, па дури и смртни закани, таа одлучи дека и е доста.

Одлуката ја донела откако загуби од Габриела Кнутсон со 6:4, 3:6, 7:5 во финалето на ИТФ турнирот во Прага. Вообичаено, оние кои се обложуваат на спортски резултати први пишуваат ужасни пораки, први пцујат, навредуваат и се закануваат.

„Донесов одлука да се повлечам поради пораките со омраза (мизогинија) и смртните закани што ги добивам по секој изгубен натпревар“, рече Ајава.

Во моментот кога го напушти тенисот, таа беше на 169. место во светот, а во текот на 2017 година стигна до 147. позиција.

Share

The post Тенисерка ја заврши кариерата на 24 години поради смртни закани appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK