април 20, 2026

Тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ потврди дека нема да го води тимот до крајот на сезоната, како што соопшти клубот пред неколку дена. Тој се уште се опоравува од последиците од благиот мозочен удар.

Оттогаш Сан Антонио го предводи неговиот помошник Мич Џонсон.

„Одлучив да не се враќам на клупата оваа сезона. Мич Џонсон и неговиот тим завршија прекрасна работа, а одлучноста и професионалноста што ја покажаа играчите беа извонредни. Сакам да се фокусирам на моето здравје со надеж дека ќе можам да продолжам да работам во иднина”, рече Поповиќ.

Грег е тренер на Сан Антонио од 1996 година и за тоа време освои пет шампионски титули во НБА.

Share

The post Грег Поповиќ потврди дека ги води Спарс до крајот на сезоната appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK