април 16, 2026

Вработени во Министерството за одбрана биле повикувани на разговор од претставници на Службата за воено разузнавање и безбедност за да дадат изјава зошто учествувале на протестите Правда за Фросина. Ова се случило после првиот одржан протест.
Замислете биле прашувани дали ова значи дека се против Владата!?
Вчера, неколку вработени, истотака од претставници на Службата, биле опоменати “да внимаваат на што ставаат лајк и да не поддржуваат самонаречени жртви”

Во услови на сложени геополитички односи и засилени активности на нашата територија на разузнавачки служби кои не се НАТО членки, чуварот на столчето во министерството за одбрана Мисалјовски вака ги поставува приоритетите.
Вака горди не се станува!

Многу скоро, со име и презиме, ќе ги објавам сите скандали на партиски притисоци врз вработените и професионалците во Министерството за одбрана и Армијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK