април 16, 2026

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека автобус на ЈСП прегазил пешак. Немилиот настан се случил на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков” и ул.„Петре Ѓорѓиев” во Скопје во 10:10 часот каде автобусот управуван од Б.А.(50), удрил во пешакот Н.С.(70), двајцата од Скопје.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK