април 17, 2026

Лион на домашен терен го совлада Брест со 2:1 во 24. коло од францускиот шампионат. Кени Лала ги доведе гостите во водство во 15. минута, а Лион направи пресврт благодарение на двојниот стрелец Александре Лаказет, кој погоди во 24. и 82. минута.

Во петтата минута од судиското надополнување, тренерот на Лион, Пауло Фонсека, доби црвен картон откако жестоко протестираше на одлуките на судијата Беноа Мило.

Откако доби црвен картон Фонсека полуде, му се внесе во лицето на судијата и врескаше, играчите за момент го оддалечија, но тој веднаш се сврте и тргна во нов вербален напад.

По завршувањето на натпреварот Фонсека се извини пред камерите на „DAZN“.

„Се извинувам за моето однесување, не требаше да реагирам на ваков начин. Фудбалот нè наведува да правиме работи кои се погрешни. Се извинувам”, изјави Фонсека, кој го наследи Пјер Саше на клупата на Лион на крајот на јануари.

На пет натпревари има три победи и два порази, а неговиот тим е на шестото место во Лига 1.

Францускиот медиум „RMC“, пишува дека Фонсека се соочува со суспензија до седум месеци, во зависност од тоа што ќе пишува во конечниот извештај и дали експресното извинување ќе ја ублажи казната.

Share

The post (Видео) Фонсека исклучен, се скара со судијата, му се заканува седуммесечна суспензија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK