април 17, 2026

Иако оваа година не беше номиниран за ниту една награда, актерот Џеф Голдблум успеа да привлече внимание на Оскарите и да стане вирален со еден потег.

Пред почетокот на гламурозната церемонија на доделувањето на Оскарите, 72-годишниот актер е снимен како прелистува низ својот телефон и веројатно имал добра причина за тоа.

Имено, тој мораше да ги провери своите фотографии на црвениот тепих, каде позира пред да започне доделувањето на наградите.

Актерот беше снимен како прелистува фотографии на Инстаграм на кои е означен, а луѓето на Икс почнаа да се потсмеваат со него.

„Самољубието во најдобро издание. Џеф Голдблум кој најмногу се цени себеси – тоа е енергијата што ни треба на сите“, „Класичен Џеф Голдблум! Ако не можете да се восхитувате на самите себе, кој ќе се восхитува?“, „Џеф Голдблум се однесува како да е возач на автобус во друга временска линија, кој се разбудил едно утро во оваа временска линија како Џеф Голдблум. Никогаш не е несреќен што е Џеф Голдблум“ и „Ова е најјаката работа било кога“, се само дел од коментарите.

Share

The post (Фото) Актер снимен како гледа во мобилниот телефон на Оскарите, причината насмеа многумина appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK