април 17, 2026

Од коалицијата Влен се пофалија дека владата продолжува да ја демонстрира својата посветеност за подобрување на животниот стандард и економското зајакнување на граѓаните.„Една од значајните мерки во оваа насока е зголемувањето на минималната плата на 400 евра (24.400 денари), што ќе почне да се спроведува од април и ќе се одрази на платите што работниците ќе ги добиваат во мај.

Како што најави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ова зголемување е резултат на имплементацијата на законската формула за утврдување на минималната плата, која се заснова на 50 отсто од индексот на расходи за претходната година и 50 отсто од просечната плата. Овој механизам гарантира правично и одржливо зголемување на платите, обезбедувајќи граѓаните директно да имаат корист од економскиот развој на земјата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK