април 17, 2026

Шон Бејкер освои четири златни статуетки на синоќешното доделување на „Оскарите“ израмнувајќи го рекордот што 70 години го држеше Волт Дизни, едно од најголемите имиња во Холивуд.

Со освојувањето на „Оскарите“ за најдобар филм, најдобра режија, најдобра монтажа и најдобро оригинално сценарио за филмот „Анора“, Шон Бејкер стана само втората личност што го направила тоа.

За разлика од Дизни, Бејкер ги освои сите четири награди за еден филм, односно победи во сите категории во кои беше номиниран, а петтиот „Оскар“ за филмот „Анора“ ѝ припадна на Мајки Медисон за најдобра женска улога.

Успехот на оваа вечер претставува продолжување на големиот подем на Бејкер, кој претходно важеше за уметнички режисер и аутсајдер бидејќи не доби ниедна номинација пред овој филм.

Ако сака да го брка успехот на Дизни, на Шон Бејкер му претстои долг пат бидејќи славниот Дизни имаше вкупно 22 „Оскара“.

Share

The post Шон Бејкер на „Оскарите“ го достигна рекордот што го држеше Волт Дизни цели 70 години appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK