април 17, 2026

Преку партнерството и размената на искуства со Унгарија, можеме да ја унапредиме правната држава и да ја забрзаме дигитализацијата на нашите правосудни системи

Во рамки на Втората меѓувладина седница со Унгарија, денес во Будимпешта остварив билатерална средба со министерот за правда на Унгарија, Роберт Репаси.

На средбата беа споделени искуства за реформите во правосудниот систем, владеењето на правото, процесот на дигитализација.

Со Република Унгарија имаме многу сличности во своите цели и приоритети, и тоа создава одлична основа за продлабочување на нашата билатерална соработка.

Остануваме посветени на изградбата на долгорочни и стабилни односи со Унгарија, не само во правосудството, туку и во сите други области од заеднички интерес.

Ова партнерство ќе продолжи да се развива и ќе носи реални бенефити за нашите народи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK