април 17, 2026

Полициски службеници од СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка вчера (3 март) во 20.30 часот на улица „Иво Лола Рибар” во Гостивар го привеле Б.Н.(42) од село Чегране.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик (насилство).

-Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, соопшти МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK