април 17, 2026

Мексиканската фудбалерка Лизбет Овале постигна гол каков што ретко се гледа дури и во машка конкуренција.

Овале ја погоди мрежата со „превртена скорпија“ во победата на нејзиниот Тигре од 2-0 над Гвадалахара.

Мексиканката одлично се снајде по нафрлената топка на Шпанката Џенифер Хермосо и ја погоди далечната статива.

Хермосо, која е во центарот на вниманието од 2023 година поради скандалозниот бакнеж со поранешниот претседател на шпанската ФА, Луис Рубиалес, за кој тој беше осуден, во неверување падна на колена.

Спектакуларен гол на кој би му позавидил и Златан Ибрахимовиќ, специјалист за неверојатни голови.

Share

The post (Видео) Мексиканка постигна гол каков што не сте виделе досега appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK