април 17, 2026

Голманот на Милан, Мајк Мењан е суспендиран на еден натпревар поради непочитување на судијата по натпреварот против Лацио, објавија денеска италијанските медиуми.

Милан во неделата загуби од Лацио со 1:2 во првенството. Голот за победа на Лацио го постигна Педро во 98.минута.

Пеналот го направи тукму Мењан, кога го фаулираше Исаксен.

Мењан со навредливи зборови му обратил на судијата во тунелот на стадионот „Сан Сиро“ на патот кон соблекувалните.

Како што пренесуваат медиумите, францускиот голман е казнет и со 15.000 евра.

Менган затоа ќе го пропушти натпреварот против Лече во Серија А на 8. март.

Share

The post Голманот на Милан суспендиран поради непочитување на судијата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK