април 19, 2026

Поранешниот светски шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, на „eBay“, ги продаде своите фармерки поради кои му беше забрането да се натпреварува на Светското првенство во брз шах во декември за 36.100 долари.

Карлсен приходот го донира во добротворната организација „Големите браќа, големи сестри“, која поддржува деца и млади луѓе.

На првиот ден од шампионатот во Њујорк, Карлсен се појави во салата за играње облечен во фармерки, што се сметаше за несоодветна облека за учесниците на турнирот.

Затоа платил казна од 200 долари, но добил и ултиматум од организаторите дека мора да ја смени гардеробата. Сепак, Карлсен го одби ова барање и затоа беше дисквалификуван.

Share

The post Карлсен ги продаде фармерките поради кои беше дисквалификуван appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK