април 19, 2026

До 20-ти март СДСМ ќе ги селектира кандидатите кои ќе одат на анкети за претстојните локални избори. Лидерот на СДСМ Венко Филипче не ја исклучува можноста за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во некои општини да настапат со заеднички кандидат.
Ние не сме имале разговори ниту средби, иако има одредени повици од премиерот од негови коалициони партнери има и одговор од наша страна дека сметаме дека постојат ситуации и теми за кои е потребно да се седне и во парламентот да се разговара за одредени теми од национален интерес, ние таква соработка за локално ниво досега сме немале. Но јас сум отворен за буквално сите можни коалициони комбинаторики кои ќе донесат бенефит за граѓаните“, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 телевизија.

Меѓу кандидатите за градоначалници според моменталното размислување на СДСМ, може да има независни кандидати.
Tv21

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK