април 19, 2026

Првата дама на САД Меланија Трамп стана вирална откако видеото објавено за време на нејзината посета на Калифорнија со нејзиниот сопруг Доналд се прошири на интернет.

Фокусот беше на нејзините усни, а многумина пишуваа дека „прави чудни движења на усните“. „Секогаш го прави ова, изгледа непријатно во јавност“, „Како да има тикови“, „Ова не е ништо ново, таа тоа го прави цело време“, напишаа тие.

Сега, видео од неодамнешното обраќање на Трамп во Конгресот се споделува на Икс. Додека Трамп ја претставуваше првата дама на САД, камерите ги фатија нејзините усни како се грчат.

Видеото брзо се рашири низ интернетот, а некој напиша: „Меланија повторно ја прави таа работа со усните“.

„Дали е добро?“, „Можеби тоа го прави поради стрес“, „Изгледа како да ржи“, „Добро е, едноставно не сака кармин на забите“, се само дел од коментарите поврзани со првата дама, која неодамна ја прослави 20-годишнината од бракот со својот сопруг.

Share

The post (Видео) Меланија Трамп повторно збуни со потег: „Повторно ја направи таа работа со усните“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK