април 19, 2026

Бохум и Вердер приредија вистински сензации во 25.коло во Бундес лигата. Овое екипи славеа победи кај водечките две екипи во лигата, Баерн Минхен и Баер Леверкузен.

Победата на Бохум во Минхен, кај лидерот Баерн, веројатно е најголемата сензација оваа сезона во Бундес лигата.

Зошто: Бохум е еден од најлошите тимови во Бундес лигата, имаше негатива од два гола по само 28 минути игра, а можеше да биде и 3:0 доколку Гнабри реализираше пенал.

Работите почнаа да зовриваат до крајот на првите 45 минути, бидејќи Медиќ ја намали предноста на актуелниот шампион во 31. минута, а Палиња доби директен црвен картон во 43. минута.

Во 51. минута израмни Сисоко, а во 71. Беро ја креираа сензацијата во Минхен.

Баварците нападнаа по третиот примен гол сакајќи барем да дојдат до бод, но гостите од Бохум успеаја да ја одржат предноста и да освојат неверојатни три бода.

И покрај дебаклот, Баерн остана прв на табелата со осум бодови повеќе од второпласираниот Леверкузен, додека Бохум остана на 16.место на табелата во Бундеслигата.

Во пресрет на реванпот во Лигата на шампионите меѓу Баер и Баерн, пораз доживеа и актуелниот првак и тоа дома во Леверкузен.

Вердер победи со головите на шмид во седмата и Нинмах во 94.минута од натпреварот.

Пораз на домашен терен забележа и третиот германски тим во Лигата на шампионите. Борусија Дортмунд загуби од Аугсбург со голчиштетот на Џефри Хаувелеу во 23.минута.



Share

The post (Видео) Сензационлни резултати во Бундес лигата, дома загубија Баерн, Баер и Борусија Дортмунд appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK