април 19, 2026

Парма и Торино одиграа 2:2 во 28. коло во Серија А на стадионот „Енио Тардини“.

Гостите поведоа преку македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, на кого му асистираше Чезаре Касадеј. Емас го постигна третиот гол во четвртиот натпревар за Торино.

Домашниот тим не успеа да го совлада српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ до 60. минута, кога аргентинскиот напаѓач Матео Пелегрино во гол го претвори додавањето на Емануеле Валери.

Напаѓачот на Торино, Че Адамс возврати 12 минути подоцна по асистенцијата на Чилеанецот Гиљермо Марапан.

Пелегрино, со својот втор гол спречи пораз на Парма во 82. минута.

Share

The post (Видео) Елмас стрелец за Торино, „биковите“ два пати водеа и не успеаја да победат во Парма appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK