април 19, 2026

Фудбалерите на Ливерпул направија уште еден чекор кон титулата во англиската Премиер лига со победата од 3:1 над Саутемптон на „Енфилд“ во 29. коло од Премиер лигата.

Во дуелот меѓу лидерот и „фенерџијата“, кои сега ги делат 61 бод, немаше ни трошка неизвесност за исходот на натпреварот и покрај тоа што гостите поведоа во финишот на полувремето со голот на Смоулбоун.

Двоен стрелец за „црвените“ беше Мохамед Салах. Египќанецот двата гола ги постигна од пенали. Салах дојде до бројката од 27 голови во сезоната, има и 17 асистенции.

Претходно резултатот го изедначи Уругваецот Дарвин Нуњез.

Ливерпул на табелата има два натпревари и 16 бодови повеќе од Арсенал, додека Саутемптон може да се подготвува за настап во Чемпионшип.

Share

The post (Видео) Ливерпул направи уште еден чекор кон титулата во Премиер лигата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK