април 20, 2026

На денешното судење за убиството кај Мавровка, Елвин Куртовиќ кој е обвинет за убиството на скопскиот бизнисмен, 59-годишниот Васил Ефтимов призна вина.

Обвинетиот Елвин Куртовиќ кој, всушност, издржувал казна затвор, но бил пуштен на викенд и не се вратил во „Идризово“ во дадениот рок изрази жалење за стореното и кажа пред судот дека неколку дена бил под дејство на кокаин.

„Воопшто не се чувствувам добро емотивно, но и психички. Многу се каам за кривичното дело. Не сакав да го убијам човекот. Се случи несреќа. Бев под дејство на дроги неколку денови, навистина. Пред тоа лежев за некакви ситни дела во споредба со ова што сега одговарам. Многу ми е жал, тоа е се што имам да кажам“, изјави Елвин Куртовиќ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK